Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Сите се веќе уморни од игрите на власта, нека ги остават учениците на раат

Објавено

на

Политичките игри на власта продолжуваат, во Гостивар со незаконски постапки се поставуваат директори на училиштата, а државните институции и другите релевантни органи не реагираат, туку им служат на партиите на власт, беше истакнато на денешната прес конференција во Општина Гостивар, за состојбите во училиштата на гостиварска територија, по одземањето на надлежностите во образованието.

„Од мојата спротивна страна е министер, кој не се знае како ја добил титулата доцент и премиер, кој знае само да прави пазар. Веќе им реков, земете ги ингеренциите за 4 години, продадете им ги на ДУИ и оставете ги учениците на раат. Сите се веќе уморни од овие игри и овие случувања. За оваа ситуација се известени шест Амбасади и нашето е до тука, понатаму треба да реагираат институциите на системот. Но, од бомбите на Ел Чека слушаме кои се обвинители, кои се судии и на каков начин биле именувани, значи прво требало некој гаранција да даде кај господинот Ахмети, дека ќе и служи на партијата за да биде именуван. Сите процедури завршуваат во фиоките на обвинителство и судот.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Образложувајќи ги постапките и преземените чекори околу именувањата и разрешувањата на директорите во училиштата, Шкљким Весели од општинската правна служба рече дека целта на Државниот просветен инспекторат била одземање на ингеренциите, без да се запазат прописите.

„Со првото одземање на надлежностите, министерот назначи директори во сите oпштински основни и средни училишта  во Гостивар. По истекот на решението за одземање на ингеренциите, градоначалникот во сите основни училишта ги прогласи за ништовни решенијата за избор на директори, бидејќи јавниот оглас за нивен избор не бил во согласност со законот, а бидејќи Законот за средно образование не предвидува точно во колку дневни весници мора да се објави огласот, извршено е разершување на директорите. По овие дејствија, Државниот просветен инспекторат изврши вонреден надзор во сите училишта. За истиот случај, имаме две различни уптаства од нивна страна. Во ООУ „Исмаил Ќемали“, беше констатирано дека нема никаков прекршок од страна на градоначалникот, а за истата работа во друго основно училиште, е дадено упатство за други дејствија. Целата оваа постапка е забрзана од страна на Државниот просветен инспекторат за да се стигне до политичката цел, да му се одземат овластувањата на градоначалникот. Министерот за образование му ги одзема надлежностите на градоначалникот без да има одлука од второстепената комисија како надлежен орган, со цел тој да одлучува врз основа на одлуката на комисијата.“, изјави меѓу другото Весели.

Министерството за образование во два наврати му ги одзеде на Таравари надлежностите во делот на именување и разрешување на директори во училиштата. Сега, ингеренциите се во раце на Министерството, а градоначалникот би требало да ги добие назад по истекот на девет месеци од одземањето, односно во ноември. Како ќе се одвиваат работите до тогаш и што ќе се случува со почетокот на новата учебна година, останува да се види.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 5 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 9 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 10 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 12 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 14 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 15 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена