Вести
Течат подготовките за одбележување на годишнината од мавровската снежна трагедија
И оваа година, традиционално ќе биде одбележана годишнината од трагичното загинување на градителите на Мавровскиот хидроенергетски систем во 1956-та. Во Дирекцијата на ХЕЦ Маврово во Гостивар, деновиве течат подготовките за комеморативниот собир, што ќе се одржи во петок, 10-ти февруари, во пресрет на датумот на снежната трагедија, 11-ти февруари.
Пред споменикот на трагично загинатите градители, во селото Маврови Анови ќе биде прочитан пригоден реферат во нивно сеќавање и ќе биде положено цвеќе во знак на почит.
Ноќта на 11-ти февруари, 1956 година, големи снежни лавини се урнале врз повеќе куќи и бараки во села по долината на реката Радика. Лавините затрупале над сто луѓе, градители на мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и месно население. Спасувачките екипи успеале да извлечат половина од нив, додека останатите трагично ги загубиле животите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград