Поврзи се со нас

Вести

Тридневна жалост во Србија по убиството на осум ученици и чувар

Објавено

на

    Осум деца и лице за обезбедување се убиени, ранети се седум лица, од кои шест деца и еден учител, а две од децата се во критична состојба. Убиецот е ученикот од седмо оделение на возраст од 14 години од основно училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, во Белград, која оваа незапамтена трагедија ја планирал еден месец и тоа до најситен детал, беше соопштено на денешната вонредна прес конференција во српската Влада, јави дописникот на Македонската информативна агенција од Белград.

    Посебно обраќање до јавноста најави и претседателот Александар Вучиќ, вечерва во 18 часот.

    Началникот на белградската полиција Веселин Милиќ на прес конференцијата рече дека осомничениот сам се пријавил на полицијата да каже дека застрелал неколку луѓе.

    -Според досега собраните информации, ученикот подолг временски период го планирал извршувањето на ова кривично дело. Мотивот се уште не е утврден, ниту пак тој не го кажал. Датумот го избрал затоа што училницата по историја била во близина на влезот на училиштето, каде неговиот клас  го имал првиот час. Огненото оружје, пиштолот со калибар од 9 милиметри, со три рамки, како и малокалибарски пиштол, гиз ел од станот на татко му, го ставил во торба, а подготвил и понел и четири молотови коктели, изјави Милиќ.

    Тој додаде дека веднаш по пристигнувањето во училиштето, убиецот го извадил пиштол и го застрелал обезбедувачот по што ги нападнал децата.

    Шефот на полицијата го покажа списокот на деца што сторителот го составил и училишниот план на кој ги определил приоритетните цели и начинот на влегување во паралелките со бројот на деца што планирал да ги убие во секое одделение.

    Министерот за образование Бранко Ружиќ на прес-конференција соопшти дека Владата на Србија донела одлука за тридневна жалост на целата територија на Србија, почнувајќи од петок, петти мај до недела, и дека денеска е откажана наставата во попладневната смена, а утре ќе започне со едноминутно молчење.

    -Изразувам најдлабоко жалење за најголемата трагедија што ја снајде Србија и нашиот образовен систем. Никој не може да ги врати децата на нивните родители. Безбедносниот прстен постоеше, функционирал видео надзорот, а присутен бил и училишниот полицаец. Благодарност до здравствените работници, го молиме Господ да им помогне на сите, изјави тој.

    Министерот истакна дека, за жал, Србија е дел од светот каде се почесто се случуваат вакви работи.

    -Евидентно е канцерогеното, погубно влијание на интернетот, видео игрите, таканаречените западни вредности и на сите ни е јасно дека е потребен голем пресврт, заострување на мерките, но и систематско изнаоѓање решенија, рече Ружиќ.

    Министерката за здравство Даница Грујичиќ им изрази сочувство на родителите кои денеска ги загубија децата и им се заблагодари на здравствените работници кои излегоа на терен.

    -За 40 години работен стаж ова е можеби моето најстрашно искуство како лекар и како човек, изјави Грујичиќ.

    Зборувајќи за состојбата на повредените, министерката рече дека шест деца и една наставничка се во здравствените установи во Белград – три деца во Тиршова, четири пациенти во Ургентниот центар.

    -Двете момчиња кои се во Тиршова се здобиле со повреди на долните екстремитети, тие се стабилни и надвор од животна опасност, додека девојчето кое се здобило со прострелна рана во главата е критично. Направено е се што можеше да се направи, но повредата е голема и се уште се борат за нејзиниот живот, рече министерката.

    Во Ургентниот центар има три деца, девојче со прострелна рана во пределот на стомакот и повреди на раката. Таа е во стабилна состојба.

    -Момчето кое се здоби со прострелна рана низ градниот кош и вратот има повреда на рбетот, и е најтешко повреден. Операцијата се уште е во тек, ќе мора да има повеќе интервенции, нешто сега , нешто подоцна, рече министерката.

    Наставничката е во критична состојба. Таа има повреди на карлицата и раката и се уште е на операција.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Се слави Велигден, најголемиот празник за христијаните

    Гостиварпред 8 часа

    Тешко повреден мотоциклист, излетал од патот Гостивар-Кичево

    Гостиварпред 17 часа

    Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

    Македонијапред 22 часа

    Митрополитот Јосиф со честитка до верниците за Христовото Воскресение

    Светпред 24 часа

    Православните и католиците годинава слават Велигден на ист ден

    Светпред 1 ден

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Светпред 1 ден

    Благодатниот оган се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

    Гостиварпред 1 ден

    Маж и жена од Гостивар и битолчанец починаа во синоќешната тешка сообраќајна несреќа

    Македонијапред 1 ден

    Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена