Поврзи се со нас

Вести

Триесетина девојки од странство нелегално работеле по кафеани и барови

Објавено

на

 

Појавата низ кафеаните во полошкиот регион да се ангажираат странски државјанки на црно, не е нешто ново. Во акциски контроли и при редовни  полициски активности спроведени во првите шест месеци од годината биле откриени 28 девојки, од кои 13 од Албанија, девет од Србија и шест од Косово, кои го злоупотребиле туристичкиот престој и непријавено работеле во угостителски објекти. Во баровите и кафеаните тие претежно биле ангажирани како пејачки, танчерки, келнерки и ги забавувале гостите во доцните вечерни часови.

За нивниот непријавен престој или работа, по приведувањето биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции и странци, а потоа изведени се пред судија за прекршоци во Основните судови во Тетово и Гостивар. Покрај парични глоби, на најголемиот број од нив изречени им се и забрани за влез во Република Македонија од една до пет години“, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи.

Во истиот период, биле откриени и 13 странски државјани, 10 од Албанија и тројца од Турција. И тие престојувале спротивно на целта или воопшто не биле пријавени, а некои од нив илегално влегле во земјата. Станува збор за „економски емигранти“ или „надничари“, кои во полошките села обично пристигнуваат пред почетокот на летото и работат на црно, градежни и земјоделски работи за ниски дневници.

Тие добиваат парични казни и потоа се депортираат во матичните земји.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена