Поврзи се со нас

Вести

Триесетина кривични дела од малолетници во Гостивар – Крадат, се тепаат и злоупотребуваат податоци на фејсбук

Објавено

на

 

На гостиварското подрачје минатата година биле евидентирани 31 кривично дело од областа на малолетничката деликвенција.

Анализите на СВР Тетово покажуваат дека меѓу сторителите значителен број се  повторници, кои по неколку пати учествувале во извршување, најмногу на тешки кражби и кражби, неретко ангажирани и инструирани од повозрасни лица, кои биле нивни инспиратори и логистика при извршувањето на делата.

„Претежно станува збор за кражби во продавници, одземање на патнички возила, потоа кривични дела од безбедноста во сообраќајот, насилства, учество во тепачки и во последно време – злоупотреба на лични податоци преку социјалните мрежи, особено Фејсбук и Инстаграм. Овие злоупотреби, се честа појава во полошкиот регион,  од малолетници, меѓутоа и од повозрасни лица, кои по воспоставувањето контакт, најчесто со женски лица, на најразлични начини ги уценуваат, откако претходно ќе обезбедат нивни контраверзни фотографии или други видео материјали“, се наведува во полициското соопштение.

Минатогодишните дела од областа на малолетничката деликвенција во Гостивар биле заокружени со 17 кривични пријави.

Слична е состојбата и во тетовскиот регион, каде лани биле регистрирани 33 кривични дела од малолетничката деликвенција.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена