Поврзи се со нас

Занимливости

Тука би добиле отказ, но во Јапонија дремењето на работа е традиција

Објавено

на

Додека за остатокот од светот, спиењето на работното место може да донесе отказ, во Јапонија дремнувањето на работа е нешто нормално, па дури и пожелно. Во „земјата на изгрејсонцето“ тоа е прифатено како културолошка појава, и се нарекува „инемури“.

Всушност, Јапонците на тој начин потврдуваат и изразуваат дека се до моментот на затворање на очите, се „истепале“ од работа без никаква пауза. И тоа не е никакво фолирање, ако се знае дека тие важат за најдисциплинирани и највредни работници во светот. Инемури едноставно не се злоупотребува.

Професорката Бригита Стеџер е автор на книга, која се обидува да ја објасни оваа навика на Јапонците. Во книгата таа пишува дека дремнувањето на работното место е најзастапено кај работници кои целото работно време го поминуваат во канцеларија, на фотелја, пред компјутер.

Верувале или не, во Јапонија „инемури“ е вкоренето веќе илјада години. Освен на работното место, Јапонците имаат навика да си дремат во јавниот превоз, во продавници, на клупи во парковите и други јавни места. Така, метроата секојдневно наликуваат на големи спални соби, со таа разлика што во нив се спие седејќи.

Стручното објаснување на научниците за масовното дремење на работа и на јавни места во Јапонија, лежи во фактот што Јапонците малку спијат ноќе, односно не повеќе од 5 часа.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена