Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 11/04/2019 | 19:10

Тврдат дека Земјата е рамна плоча и ќе тргнат на крстарење до крајот на светот

Здружението “Flat Earth Society”, поборници на теза дека Земјата е рамна плоча, најави дека во 2020-та година ќе организира крстарење до самиот раб на светот. Тие објаснуваат дека Антарктикот е всушност огромен леден ѕид, кој штити се` што се наоѓа зад него, па така бродот со кој би пловеле немало да падне од ивицата на светот.

„Зад ледениот ѕид се наоѓа се` она кое нас како здружение не` интересира и тоа е место во кое никој никогаш до сега не бил. Ќе се обидеме да ги откриеме сите тајни“, велат од Здружението кои планираат крстарењето да биде комерцијално и за која намена ќе обезбедат луксузен брод со ресторан, ноќни барови, базен.

За сега, повеќе детали околу оваа авантура на „рамноземјашите“ не се откриваат. Уште помалку е познато како бродот ќе плови, кога системите за навигација се базирани на фактот дека Земјата има тркалезна форма.

Идејата дека Земјата е рамна плоча не е нешто ново, поборници на ова тврдење има ширум светот. Според нив, сите научни докази за тркалезниот облик на нашата планета се лажни, монтирани или погрешно протолкувани. Тие веруваат дека Земјата е центарот на Сончевиот систем и дека сите други планети, како и Сонцето, кружат околу неа, а Северниот пол се наоѓа во центарот на рамната плоча, додека  надворешниот раб на плочата е составен со леден ѕид.

Сте размислувале ли некогаш каков ќе беше животот на Земјата, ако таа навистина е рамна плоча? Тогаш:

-не би можеле да паднеме од работ на Земјата

-сите спортови би требало да се играат само во близина на нејзиното средиште, каде гравитацијата би се однесувала како и кај тркалезната Земја. На планета рамна како плоча, спортските активности треба да се одржуваат на Северниот пол.

-на краеви на Земјата веројатно би постоела некоја чудесна шума каде дрвјата би растеле обратно од гравитацијата, па така на овие места каде гравитацијата влече под одреден агол, дрвјата би растеле дијагонално

-би можеле да го видиме Сонцето и навечер, затоа што ќе свети како рефлектор.

 

фото: medium

Напишете коментар