Ноќеска околу 22 часот и 30 минути во тетовска Мала Речица се случило убиство. Според првичните информации од портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, 53 годишен тетовец со пиштол ја застрелал 52 годишната сопруга, која била на гости кај својата мајка и брат, во куќа на улица „Љуботенска“ во Мала Речица. Куршумот и нанел влезно излезна рана во пределот на градниот кош, по што жената починала. По настанот, лицето излегло од куќата и пукало кон возило „Голф“ на улицата „179“ во кое бил сопственикот на возилото, но не го погодил. Потоа со своето возило, мажот побегнал во непознат правец.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на јавен обвинител и екипа на СВР Тетово. Полицијата информира дека презема интезивни активности за пронаоѓање на тетовецот.