Поврзи се со нас

Гостивар

Ученици од Гостивар создаваа ликовни дела според прочитани книги

Објавено

на

Љубовта кон читањето и уметноста споени во едно. Основци и средношколци од гостиварски училишта беа дел од интересен настан во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, што се одржа по повод Светскиот ден на книгата и авторските права кој се одбележува утре, 23 април.

Во холот на установата на штафелаи, учениците создаваа ликовни дела според романи што ги прочитале и им оставиле силен впечаток. Со големо внимание и творечка енергија се препуштија на својата имагинација, прочитаните книги да ги претстават визуелно, најдобро што умеат.

Настанот го организираа Одделот за фигуративна уметност и библиотеката при Центарот за култура.

„Идејата произлезе заеднички со нашата колешка од библиотеката Фарије Адили. Сакавме со еден убав настан којшто ги спојува читањето и сликањето, да го одбележиме Светскиот ден на книгата и авторските права. Целта е да се промовираат љубовта кон пишаниот збор и уметноста, да се поддржат креативните млади и да се поттикнат што почесто да се вклучуваат во културните случувања“, рече Лулјета Усеини од Одделот за фигуративна уметност.

Учениците кои учествуваа во сликањето од организаторите добија книги на подарок.

Светскиот ден на книгата и авторското право е востановен од УНЕСКО во 1995 година. Ова е симболичен датум во светската книжевност, бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 3 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 6 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 8 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 10 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 11 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена