Поврзи се со нас

Македонија

Угостителите под клуч, инспекциите ќе спроведуваат интензивни контроли на терен

Објавено

на

Од денес важи забраната за посетители/гости во сите угостителски објекти, а дозвола за работа преку шалтер имаат само локалите кои вршат подготовка и продажба на храна. Инспекцискиот совет најави дека ќе се спроведуваат интензивни контроли на терен.

„Изминатиот период, за жал, сведоци сме на зголемен број на новоинфицирани лица од вирусот КОВИД-19, но и на починати лица како последица од коронавирусот. Оваа состојба доведе до повторно воведување на рестриктивни мерки, во насока на спречувањето на ширењето на коронавирусот со единствена цел заштитата на јавното здравје и заштита на сите граѓани. Од денеска стапи на сила мерката за целосна забрана за посетители/гости во сите угостителски објекти – кафетерии, ресторани, барови, клубови, како и во делот за исхрана во угостителски објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион или на бензински станици. Оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да вршат достава или да овозможат подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (штанд/пулт). Исто така, од денеска има забрана за посетители/гости во сите обложувалници. Работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга. И овие мерки ќе важат до 20 април.Инспекциските служби како важен контролен механизам за правилно спроведување на мерките и здравствените протоколи, продолжуваат со интензивни контроли на терен, и санкции за оние кои нема да ги почитуваат мерките.“, изјави на денешната прес конференција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Согласно владината одлука, од вчера стапи на сила мерката за забрана за движење на граѓаните во временски период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, која ќе трае до 20 април. Од вчера важи и целосната забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена