Гостивар
Вакцинацијата против ковид во Гостивар во две смени, има вакцини само од Астра Зенека

Во пунктот на Здравствениот дом во Гостивар имунизацијата против коронавирус од изминатиов петок се одвива со вакцината Астра Зенека и на располагање се вкупно 800 дози. За да се задоволат потребите, работата на пунктот е организирана во две смени. „Работиме во две смени, термини има од наутро до 18.30, па и до 19 часот. Моментално вакцинираме со Астра Зенека. Вакцинацијата тече добро, но се случува некои граѓани да негодуваат да ја примаат вакцината што е на располагање, па бараат од друг производител. Тоа не може да се спроведе, треба да се знае дека на вакциналниот пункт имунизацијата се врши со таа вакцина што ја имаме во моментот и не може да се избира. Вакцините се безбедни, препорачани од Министерството за здравство. Можам да кажам дека кај нас до сега не се пријавени несакани ефекти од вакцини.“, кажа д-р Дафина Богданоска, одговорна во пунктот во Гостивар.
Астра Зенека во земјава се дава на граѓаните над 60 години. Во Гостивар вакцина против коронавирус примила и 90 годишна жена.
Според најавите на Министерството за здравство, имунизацијата во наредниот период ќе се интензивира, но во пунктот во Гостивар се‘ уште немаат конкретни насоки колку и кои вакцини ќе ги добијат.
Лекарите велат дека вакцинацијата е ефикасна мерка против коронавирусот и апелира граѓаните да се пријавуваат за вакцина, со цел што поголем опфат на населението и создавање колективен имунитет.
Вакцинацијата на пунктот во Здравствен дом во Гостивар започна на 2 април и до сега се аплицирани околу 3.500 вакцини, од кои дел се втора доза.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година