Поврзи се со нас

Македонија

Вакцинација: Премиерот и министрите на средба со родители кои одбиваат вакцини за децата

Објавено

на

Здравствените власти во претстојниот период ќе спроведат јавна презентација на факти и медицински анализи за МРП вакцината (морбили, рубеола и паротит) Најавата доаѓа по вчерашната средба на премиерот Зоран Заев, министрот за здравство Венко Филипче, за образование и наука, Арбер Адеми, за правда Рената Дескоска и за труд и социјална политика, Мила Царовска со група родители коишто не сакаат нивните деца да ја примат вакцината.

„Владата постои за граѓаните, но моја законска обврска е да ги слушам експертите, стручните анализи. Го задолжувам министерот за здравство, да ве собере на голема презентација и дискусија на којашто пред сите ќе се презентираат медицинските факти и секој ќе може да каже мислење. Наша цел е здравје за децата и граѓаните“, се наведува во изјавата на Заев.

Премиерот истакнал дека одлуката на Владата да прогласи епидемија на ситни сипаници на територијата на целата земја и да се спроведе вонредна вакцинација е донесена врз основа на научни факти и мислења на експерти, според кои во услови на намален колективен имунитет и пораст на бројот на заболени, единствен начин да се сузбие епидемијата е да се спроведе вакцинација во и надвор од здравствените установи.

Родителите од своја страна, изразиле став на несогласување за обврската нивните деца да ја примат вакцината и дека очекуваат тие да посетуваат градинка и да бидат запишани во училиште. Според родителите вакцинацијата треба да биде право на избор на претходно информиран родител.

Министерот Филипче изјавил дека освен со законски норми, во услови на епидемија, вакцинацијата е задолжителна за сите невакцинирани лица, без разлика дали станува збор за деца или за возрасни луѓе, додавајќи дека фактот што во градинка не одат невакцинирани деца дава резултати во справување со епидемијата на морбили.

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена