Поврзи се со нас

Занимливости

Вечерва спектакл на небото – Метеорскиот дожд Персеиди видлив со голо око

Објавено

на

Овој викенд носи спектакл на ноќното небо, бидејќи се очекува најубавиот дел на овогодинешниот метеорски дожд кој од година во година ги фасцинира сите љубители на астрономијата, но и пошироката јавност.

Имено, метеорскиот дожд се феномен кој се случува секоја година, приближно во исто време. Во текот на летото тоа се Делта Аквариди и Персеиди. Делта Акваридот веќе се случи, ноќта меѓу 30 и 31 јули, а Персеиди ќе биде ноќта меѓу 12 и 13 август.

Персеиди

Персеидите се сметаат за најдобар метеорски дожд во годината, а неговите метеори потекнуваат од кометата 109P/Swift-Tuttle. Овој метеорски дожд е активен од средината на јули до почетокот на септември, а неговиот максимум може да се забележи ноќта помеѓу 12 и 13 август. Она што го прави посебен овој небесен феномен е тоа што во денови околу максимумот може да се забележат од 50 до 100 метеорити на час.

Месечината нема да претставува премногу проблем за набљудувачите, бидејќи метеорите кои влегуваат во нашата атмосфера се поголеми и затоа се посветли, со трага која останува видлива на небото подолго.

Исто така, за време на максимумот, Месечината нема да биде видлива на небото во вечерните часови, а метеорите иако ќе доаѓаат од правец на соѕвездието Персеј (североисток), ќе може да се забележат на целото небо.

Како да се набљудува метеорскиот дожд?

Најдобар начин да го гледате метеорскиот дожд е да побегнете од градот, да понесете столче и да се чувствувате удобно. Не ви треба телескоп или двоглед – сè ќе биде видливо со голо око.

Доколку го набљудувате небото навечер кога се очекува максимално количество дожд, а не гледате метеори, препорачливо е да им дозволите на очите да се прилагодат на темнината половина час, како и да избегнувате да го користите телефонот во текот на овој период.

Ако камерата на вашиот паметен телефон има режим на астрофотографија, не пропуштајте да фотографирате додека ги набљудувате Персеидите. Меѓутоа, ако го држите телефонот во рака додека фотографирате, вашите слики ќе бидат заматени, па затоа треба да го потпрете уредот на нешто, па дури можњ да понесете и статив.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 10 часа

Внимавајте кога подгревате одредена храна, можни се опасности

Македонијапред 12 часа

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Гостиварпред 13 часа

Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Гостиварпред 14 часа

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Гостиварпред 15 часа

41 годишник нападнат од куче скитник на улица во Гостивар

Македонијапред 16 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Вестипред 16 часа

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Гостиварпред 18 часа

Трагична несреќа на патарина во Гостивар, загина 18 годишно момче

Гостиварпред 18 часа

Детска недела во градинките во Гостивар со работилници, музика, игри, посети

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена