Гостивар
Вечерва во Гостивар се крева завесата на Театарскиот фестивал Отело, влезот е бесплатен

Со претставата „Библиотека на бесконечност“ во изведба на Државниот театар Анкара, Турција, вечерва во Гостивар почнува шестото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“. Фестивалот ќе трае до 17 септември (сабота), а на сцената на Центарот за култура АСНОМ ќе бидат поставени шест драмски претстави од театарски ансамбли од земјава, Албанија, Бугарија, Турција и Косово од различни жанрови.
„Преку „Отело“ целиме да овозможиме гостиварци да почувствуваат театарска радост, се трудиме да донесеме квалитетни претстави, со докажани актерски екипи. Нашата намера е едноставно да ја донесеме театарската магија овде во Гостивар, да бидеме мост што ги поврзува уметниците и публиката“, рече на денешната прес конференција Берат Салиу, продуцент на фестивалот.
Арѓенд Хасани, директор на манифестацијата потсети дека како и секоја година, фестивалот ќе се заокружи со доделување на награди за: најдобра претстава, режисер, актер и актерка, за што изборот ќе го направи повеќечлено стручно жири.
Меѓународниот театарскиот фестивал „Отело“ се реализира со поддршка на Министерството за култура, Општина Гостивар, Центарот за култура и спонзори.
Сите претстави започнуваат во 20 часот и влезот за публиката е бесплатен.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава