Вести
Викенд со сообраќајки во Гостивар и на автопатот
Во текот на деновите од викендот што го оставивме зад нас, полицијата регистрирала неколку сообраќајни несреќи. Во саботата навечер околу 22 часот и 30 минути, на булеварот „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се судриле патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски таблици, управувано од 44-годишен жител на с.Србиново и мопед без регистерски таблици, што го управувал 43-годишен гостиварец. Повредениот мотоциклист, со медицинско возило бил пренесен во гостиварската болница и по укажаната помош, пуштен на домашно лекување. Првичните информации покажуваат дека причина за несреќата е недржење растојание, а материјаланта штета се проценува на 80 илјади денари.
Секторот за внатрешни работи информира и за две сообраќајки на автопатот кон Скопје, предизвикани од кучиња бездомници.
Близу наплатната станица Желино, вчеравечер околу 21 часот и 30 минути, товарно возило „Фиат“ со гостиварски таблци, што го управувал 51-годишен гостиварец, удрило и усмртило куче-бездомник, кое поради необезбедениот автопат, неконтролирано се движело по коловозот. Половина час подоцна, на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за Камњане, „Пасат“, со гостиварски таблици, управуван од 52-годишен гостиварец исто така, удрил и усмртил куче-бездомник. Возачот и сопатничката во возилото поминале без повреди, а според првичната проценка, причинетата материјална штета изнесува 50 илјади денари.
Со оглед на зачестеноста на сообраќајните несреќи предизвикани од животни, претежно кучиња, особено на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, Секторот за внатрешни работи уште еднаш апелира до возачите да бидат крајно внимателни во вечерните часови, но и воопшто. Покрај тоа, до надлежните за одржување на автопатот се апелира да ги преземат сите неопходни мерки за негово квалитетно обезбедување, со што ќе се оневоможи непречено влегување и движење на животните и загрозување на вкупната сообраќајна безбедност на сите учесници.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот