Регион
Во Бугарија речиси во половина држава прогласена епидемија на грип
Во дванаесет региони во Бугарија веќе се на сила антиепидемиските мерки – Бургас, Варна, Велико Трново, Габрово, Пазарџик, Перник, Плевен, Пловдив, Софиско, Смолјан, Шумен и Јамбол, покажуваат податоците на Министерството за здравство и регионалните здравствени инспекции.
Во Бугарските градови Велико Трново и Јамбол од денеска е прогласена епидемија на грип. Мерките ќе останат во сила до 5 февруари, соопштија здравствените власти. Од среда епидемија на грип е најавена и за Шумен и Перник. Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на груп.
Јамбол и Велико Трново се соодветно деветтата и десеттата област во Бугарија што воведоа привремени антиепидемиски мерки. Тие вклучуваат прекин на закажаните консултации на здрави трудници и деца, превентивни прегледи и задолжителни имунизации. А, во училиштата и градинките се воведува дневен филтер.
Според епидемиолозите, во таа држава главно циркулираат грип А и грип Б, а пикот на епидемијата се очекува за неколку дена.
Во Бургас денеска одлучуваат дали ќе распишат одмор за учениците поради појавата на грип. Минатата недела, во приморскиот град прогласија епидемија на грип (беа заразени 14 отсто од учениците), но процесот на настава продолжи. До крајот на неделата онлајн настава има во Пловдив и во училишта во Габровско, јавија бугарските медиуми.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот