Поврзи се со нас

Гостивар

Во еден ден запишани 205 оздравени од корона во Гостивар, 22 нови случаи, 2 починати

Објавено

на

Откако за три дена во евиденцијата на оздравени од коронавирус за Гостивар, беа регистрирани само 4 лица, денес бројката скокна на 205. Утрово од Министерството за здравство побаравме објаснување зошто има доцнење во регистрирањето на оздравените, па граѓаните остануваат дополнителни денови во изолација, а од таму ни одговорија дека причина е зголемениот обем на работа.

„Со завршување на боледувањето предвидено од страна на матичниот лекар истиот треба да го испише пациентот од системот како оздравен пациент. Според предвидениот алгоритам по истекување на 20-тиот ден за лица позитивни на ковид 19 со симптоми, а по истекување на 10тиот ден за асимптоматски регистрирани позитивни пациенти со ковид 19, изолацијата истекува и не постои документ кој се издава од страна на институциите за надзор, за прекин на решението. Ова е тековен процес и истиот се регулура преку континуирана размена на информации помеѓу институциите. Поради зголемениот обем на работа, некогаш се потребни 1 до 2 дена дополнително од предвидените процедури, но истите се спроведуваат континуирано. Замолуваме за трпение према здравствените работници и институциите кои се надлежни во спроведувањето на овој процес.“, наведе МЗ во одговорот на нашето прашање, постевн по реакција на повеќе граѓани на Гостивар.

Инаку, Министерството изминатото деноноќие за регионот на Гостивар потврди 22 новозаразени со коронавирус и 2 починати пациенти (45 и 84 години). Во земјава има 365 нови случаи, што е 39% од тестираните.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена