Гостивар
Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Во чест на 100 години од раѓањето на златното грло на македонската народна песна, Александар Сариевски вчеравечер во неговиот роден Галичник, се одржа голем концерт. Публиката на платото на Чешма Упија, имаше ретка можност да ужива во традиционалниот македонски мелос со изведбите на Благоја Грујовски, Наум Петрески, Светлана Јовановска, Сашо Гигов и ќерката на славниот Сариевски, Снежана (Сариевска) Јовановиќ, пратени од оркестарот на НУ „Танец“ и Стефче Стојковски. Во воведниот дел на настанот, присутните се потсетија на животниот пат и богатата музичка кариера на Сариевски.
„Дејгиди луди млади години“, „Нарочува бело Менде“, „Кондисал Ајрадин Паша“, „Филизо моме“, Учи ме мајко карај ме“, „Зајко кокорајко“, „Бог да убиет дебрани“, „Ој овчарче“, „Море доста оде, доста шета“, „Сулејман седит на кулата“„Зајди, зајди“, беа само дел од песните кои го остави Сариевски, а синоќа во негова чест ечеа од Галичник.
Концертот беше организиран во склоп на програмата на традиционалната вековна манифестација Галичка свадба, која се одржува викендов.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја