Вести
Во Гостивар 3.000 сопственици на дивоградби не доставиле геодетски елаборат – Ќе има ли продолжување на рокот?

Околку 3.000 барања за легализација на дивоградби на подрачјето на Гостивар, „висат во воздух“. Се` додека не се изменат законските рагулативи, неизвесно е какви решенија за овие објекти ќе добијат сопствениците. Тие не доставиле елаборати до крајниот рок, кој истече пред Нова година и документите за заокружување на легализирањето не им се комплетни.
„Граѓаните кои поднесоа барања за легализација во 2011-та, имаа рок да ги достават геодетските елаборати до 31-ви декември, 2016-та. Дел од нив ја завршија таа обврска, за останатите чекаме дали ќе има некои законски измени, кои беа најавувани за дополнителен рок.“, велат од општинскиот Сектор за урбанизам.
Нивните податоци покажуваат дека во 2011-та биле поднесени 8.600 барања за легализација, од кои околу 5.600 се комплетирани со сите документи.
Состојбата е слична и на државно ниво, поради што Катастарот најави дека ќе бара од Владата пролонгирање на рокот. Сепак, сега за сега официјални измени во тој дел нема.
Сопствениците пак на дивоградби кои барањата за легализација ги поднесоа во 2015 и 2016-та, имаат време за комплетирање со елаборати до крајот на оваа година. Во Гостивар нивниот број се движи околу 4.100.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение