Гостивар
Во Гостивар и Добридол автомобили оштетени од заталкани куршуми

МВР информира дека вчера (7.01.2023) во 22.00 часот 61 годишниот гостиварец Е.К. пријавил дека во Гостивар, од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски ознаки.
Исто така, вчера (7.01.2023) во 15.30 часот било пријавено дека во Добридол, на паркинг од заталкано зрно од огнено оружје биле оштетени две патнички возила: „масерати“ со хрватски национални ознаки, сопственост на правно лице, паркирано од А.М.(26) од Добридол и „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.(28) од истото село.
Во случаите нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава