Гостивар
Во Гостивар промовирана стихозбирката „Тестамент од свила“ од Лулзим Хазири
Новата збирка поезија од поетот Лулзим Хазири денеска беше промовирана во Гостивар, пред бројни љубители на пишаниот збор. Стихозбирката носи наслов „Тестамент од свила“ и содржи песни кои авторот ги пишувал во изминатите петнаесетина години.
„Може да кажам дека оваа моја книга опфаќа најдолг период на пишување до сега. Тоа се песни создавани и селектирани за издавање во изминатите петнаесетина години. Го имаат препознатливиот авторски стил, но носат и нешто ново, свежо, посвесно и помудро. Тестаментите обично луѓето ги врзуваат со богатство, а самиот наслов на книгата „Тестамент од свила“ покажува дека за еден автор најголемото богатство е неговата душа кога ја пренесува преку свилените стихови.“, рече Хазири.
За неговото творештво и поезија на промоцијата зборуваа поетите Салајдин Салиу и Линдита Ахмети.
Издавањето на книгата е реализирано со поддршка на Министерството за култура. Дизајнот го изработија Едона и Таби Хазири.
Лулзим Хазири е роден 1962 година во Гостивар. Автор е на пет збирки поезија, како и на книги со есеи и колумни. Неговата поезија е преведувана на англиски, француски, романски, хрватски и на македонски јазик. Со свои стихови е застапен во многу домашни и странски антологии. Активен е на полето на заштитата на човековите права.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар