Гостивар
Во Гостивар регистрирани 45 болни од грип минатата недела

Во периодот од 9 до 16 јануари во земјава пријавени се 470 случаи на заболени од грип, што е идентично како претходната недела, наведува Институтот за јавно здравје во неделниот извештај. Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, биле тестирани 737 материјали, а од детектираните доминира грипот од тип A. Од позитивните од рутинскиот надзор, кај 2 е потврдена инфекција со грип и КОВИД-19 истовремено.
Заболените се пријавени од: Дебар – 96, Охрид – 65, Гостивар – 45, Штип – 40, Скопје – 39, Кавадарци – 36, Струмица – 35, Велес – 32, а во останатите градови, бројот на пријавени е помал од 30. Во однос на возраста, 273 лица се на возраст од 15-64 години, 96 деца на возраст од 5-14 години, 65 се деца на возраст од 0-4 години и 36 лица на возраст над 65 години.
Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 2.653.
„Се забележува стабилизирање на бројот на заболувања слични на грип, кој сѐ уште е под неделната граница за сезонска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца по три недели над границата на позитивност од 10% што е показател на вирусолошки влез во сезоната на епидемиско пријавување на грип, оваа недела покажуваат позитивност од 6%. Согласно овие податоци, Р.С. Македонија има регионална раширеност и среден интензитет на активноста на вирусот на грип.“, стои во извештајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар