Гостиарски
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Во Гостивар вечерва се одржува манифестацијата „Вешта жена 2022“, настан преку кој припадничките на понежниот пол имаат можност да ги покажат своите кулинарски умешности, декорирање на јадењата и самата трпеза, но и да се дружат и забавуваат.
Во натпреварувачки дел учествуваат:

Билјана Максимовска, со трпезата насловена „Доброто и злото“

Јулијана Златаноска со „Шумска ноќ“

Наташа Србиноска со „Сјајот на светлината“
Освен ова, на манифестацијата има и повисока категорија, две „гран при“ трпези, подготвени од гостиварки кои претходно биле 3 години учеснички на општинското натпреварување и во жири комисија:

Менка Станкоска со „Велигденска маса“

Сашка Секулоска со „Дипломска“
„Годинава одбележуваме 30 години од Вешта жена и 10 години од возобновување и активно организирање на манифестацијата во Гостивар. Верувам дека на сите ќе им биде интересно и забавно ова наше дружење, кое доаѓа по пауза поради пандемијата“, рече Мира Србиноска, организаторка на Вешта жена во Гостивар.
Манифестацијата ја отвори претседателката на здружението „Вешта жена“, Снежана Стојановска Жана. „Задоволство ни е што Гостивар е прв град од кој започнуваме со одржување на настаните со физичко присуство, со оглед на состојбите што ги имавме во пандемијата.“, рече меѓу другото претседателката.
Присутните ќе имаат можност да гласаат за трпезите кои ќе им остават најдобар впечаток, додека гран при наградата ќе биде одлука на жири комисија.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава