Вести
Во Копенхаген воведена работна недела од 4 дена
Во Копенхаген почна експеримент со воведување работна недела од четири дена, кој ќе трае до крајот на годината, јавуваат локалните медиуми.
Во експериментот учествуваат вработени во 14 компании, а по пробниот период би можело четиридневната работна недела трајно да биде воведена, јавува данскиот јавен сервис ДР.
Јонас Амитсбол, менаџер во една од компаниите, вели дека очекува променетото работно време да има позитивен ефект.
„Вработените ќе добијат неколку последователни слободни денови, што значи дека во слободното време ќе можат да ги наполнат батериите за да бидат свежи и подготвени за новата работна недела“, рече Амитсбол.
Додаде дека пократката работна недела значи подолги работни денови, што, вели, може да биде предизвик.
„Ментално тешки работи мора да работите на почетокот на работното време додека сте уште свежи, а потоа мора да работите нешто помалку напорно на крајот од денот“, забележува Амитсбол, пренесува bankar.me.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница