Поврзи се со нас

Македонија

Во Лешок чествување на празникот Свети Кирил Лешочки

Објавено

на

    Во Лешочкиот манастир денеска се чествуваше Светиот преподобен Кирил Лешочки Со Литургија на Претходно осветени дарови, чиноначалствуваше надлежниот архиереј митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, а во молитвено присуство на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г.Стефан.

    Своја беседа изрече митрополитот г.Јосиф, кој меѓудругото порача да се огледаме на Светиот преподобен Кирил Лешочки:

    „Веќе втора година после канонизацијата, во овие првопролетни мартовски денови тука во овој манастир нè собира на молитва сечесниот спомен на преподобниот светија Кирил Лешочки, познатиот наш преродбеник и учител, игумен и чувар на оваа света обител и на овие предели. Ете денес на неговиот празник, дојдовме во овој свештен храм, за да наоѓајќи се блиску до неговите свети мошти ги упатиме нашите молитви кон Троичниот Бог, Кој е воспеван од хоровите светителски. Во една стихира од службата на преподобниот се вели: Торжествениот спомен твој, преподобен Кириле, ги развесели пределите Полошки и земјата Македонска… И навистина сите ние денес сме сведоци дека овој ден е значаен за овие предели, но и целокупно за Македонската црква во нејзината полнота, која го препозна светителскиот дух и лик на носителот на денешниот празник. Уште пред да биде канонизиран, генерации и генерации се просветлуваа од Кириловите дела напишани на разбирлив народен македонски јазик и доаѓаа во овој манастир да му се поклонат на неговото почивалиште. По канонизацијата, пак, од октомври 2022 година она што ме радува и што сакам да го споделам со вас е дека бројот на поклониците, кои се поклонуваат сега пред кивотот со светите моштите е уште поголем, а тоа е уште една потврда дека култот на нашиот денешен славеник е проширен и препознатлив кај верниот народ. Светиот Кирил Лешочки е добро познат на македонскиот народ. Неговиот епитаф, како и неговите книжевни дела се значајни за македонската наука, но она што е уште позначајно да се каже е дека тие дела се најзначајни за верниот народ и за МПЦ-ОА. Во нив, тој како црковен деец, како отец и игумен, свесен за духовната потреба на своите верници на едноставен начин им дава длабока верска поука, постојано поучувајќи ги како правилно да ја практикуваат нашата прадедовска вера. И во времето кога живеел светиот, но и во денешното време сме сведоци дека верската поука е потребна повеќе од било кога. И денес имаме верници, кои ненамерно, но поради недоволно познание на верата, истата погрешно ја практикуваат и црковниот живот го сведуваат само на традиција и обичај, иако тој треба да биде борба за стекнување на вечниот живот. Но, затоа сме тука ние свештените лица, кои треба постојано да го потсетуваме и насочуваме верниот народ да чекори по вистинскиот пат. Големината на денешниот светител е токму во неговата неуморливост и постојаност во подвигот на учителството. Свети Кирил по примерот на Учителот над сите Учители, на нашиот Спасител Исуса Христа се покажал како добриот пастир, кој си ја полага душата своја за овците (Јн. 10,11). Тој како дел од народот на овие простори, длабоко го познавал својот народ, но и верните, гледајќи го него, неговиот аскетски живот и подвиг, неговите дела во верата го препознале и го прифатиле за свој отец и учител во верата. Светиот Кирил во овие предели во тоа време со еден збор кажано „бил гласот на Оној што вика во пустината“ (сп. Марко 1,3), т.е. совеста во опустошените души. Слично на свети Јован Крстителот, тој го проповедал Словото Божјо, учејќи ги луѓето во тајните на верата и повикувајќи ги преку покајание да се подготвуваат за идниот вечен живот.“

    На литургијата во Лешочкиот манастир пееше хорот од средното богословско училиште св.Арсениј Сремски – Сремски Карловац, кој по повод манастирската слава допатува во манастирот предводен од својот ректор протоереј-ставрофор Јован Милановиќ.

    На споменот верниците се причестија со светите Тајни.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 2 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 2 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 4 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Светпред 6 дена

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Културапред 3 недели

    Гостивар во чест на моќта и безграничноста на стиховите – Поетски настан за Денот на поезијата

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена