Вести
Во ПС Гостивар приведени седум лица кај кои биле најдени 80 килограми тутун
Во контрола на полициски службеници од мобилната единица од Секторот за гранични работи и миграција, во возило биле откриени околу 80 килограми тутун за кој возачот и лицата кои биле со него, не поседувале никаква документација.
Како што соопшти МВР, вчера наутро на магистралниот пат Гостивар-Маврово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Форд Транзит“ со тетовски регистерски таблици, управувано од З.С. (68) од Гостивар. Од извршениот преглед над лицето и возилото биле откриени повеќе картонски кутии наполнети со помали пакувања на фино сецкан тутун (околу 80 килограми). Тутунот бил одземен со потврда за привремено одземени предмети за понатамошна постапка.
„Поради непоседување на документација за тутунот, во Полициската станица Гостивар биле приведени возачот З.С., како и лицата Н.М. (66), З.Р. (66), А.М. (57), Н.У. (64), С.С. (52) и М.И. (56), сите од Врапчиште. За случајот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување’, соопшти МВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград