Поврзи се со нас

Гостивар

Во синоќешната контрола на СВР Тетово откриени 18 алкохолизирани возачи

Објавено

на

Во најновата акциска контрола на возачите дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол од 22 до 4 часот утринава сообраќајните полицајци при СВР Тетово откриле и санкционирале вкупно 18 возачи. Во тетовскиот регион биле откриени 14 додека на гостиварско подрачје четири.

„Кај најголемиот број 10 од нив, биле измерени до еден промил алкохол во организмот, односно крвта, а кај двајца до два промили алкохол. Сите возачи – прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, на 13 времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои за овој вид прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.СВР Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, бидејќи алкохолот ја намалува нивната способност за нормално и безбедно управување на возилата, а со тоа ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува возачите задолжително да користат зимска опрема, но и да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно ако патуваат кон Попова Шапка, Стража и Маврово. На тој начин, според портпаролот,  возачите непосредно ќе придонесат за поголем ред и безбедност во сообраќајот на подрачјето и за намалување на сообраќајните несреќи со посериозни последици.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена