Вести
Во Скудриње ќе се отвора детска градинка
Долнореканското село Скудриње е опфатено во Програмата за отворање на нови детски градинки во 2017 година, на Министерството за труд и социјала. Предвидено е установата да профункционира до крајот на септември, а во неа ќе може да се згрижуваат до 25 дечиња од предучилишна возраст. Во Програмата стои дека просторот ќе биде обезбеден од страна на општина Маврово Ростуше, на која и припаѓа селото, додека опремувањето со инвентар и потребните реквизити е обврска на Министерството.
Скудриње е едно од неколкуте села во земјава во кои, до крајот на годината ќе се отвораат градинки. Целта е да се овозможи поголем опфат на деца од руралните средини во претшколските установи. Нова детска градинка во септември ќе проработи и во Врапчиште и тоа со капацитет од осумдесетина деца.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград