Вести
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Граѓаните од поширокиот регион кои имаат потреба, може побрзо да дојдат до термин за дијагностика и интервенции со медицинските услуги што се воведени во ЈЗУ Здравствен Дом Д-Р Русе Бошковски во Ростуше. Установата кадровски и технички располага со современа апаратура за дијагностика на Интерна медицина и интервентни процедури кои се работат на терцирно ниво.
Од таму нагласуваат дека сите дијагностички процедури се вметнати во системот Мој термин и пациентите може да ги закажуваат своите термини преку матичен лекар и специјалисти од секундарно здравство.
„Она што би сакале да истакнеме дека овие здравствени услуги на ЈЗУ Здравствен дом Ростуше се достапни за сите пациенти од целиот западен регион. Со користење на овие услуги пациентите може побрзо да дојдат до термин за преглед и дијагностика, по што навремено ќе се дијагностицираат и соодветно лекуваат. Интересот станува од ден на ден се поголем, пациенти имаме од Општина Маврово и Ростуше, Дебар и околината на Дебар и мал број од Гостивар.“, известија од Здравствен дом каде како специјалист интернист работи доктор Сеад Асани.
Пациентите преку Мој Термин во ЈЗУ Здравствен Дом Д-Р Русе Бошковски – Ростуше може да закажат за следните услуги:
- Биопсија на тироидна жлезда и вратна регија.
- Биопсија на дојки
- Артериски и венски доплер на раце и нозе
- Доплер на каротиди – крвни садови на вратот
- Ехо на абдомен и уринарен тракт
- Ехокардиографија на срце
- Ехо на бели дробови со вадење вода од бели дробови за терапевтски и дијагностички цели
- Спирометрија
- ЕКГ со интерпретација
- РТГ кабинет
- Лабораторија
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение
-
Гостиварпред 3 месеци
Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие