Гостивар
Во земјава 31 потврден случај на корона, во Гостивар до сега нема заболени

Вкупната бројка на заболени граѓани со коронавирус во Македонија изнесува 31. Во последните потврдени случаи од вчера има четири здравствени работници од Дебар, од матична установа-приватна педијатриска амбуланта.
Од вкупниот број на заразени, најголемиот дел или 24 се од Дебар, а останатите 7 од Скопје. До сега, во Гостивар нема ниту еден случај на коронавирус.
Во вчерашната изјава, министерот за здравство Венко Филипче рече дека во наредниот период се очекува бројот на заболени да расте и побара од граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита.
„Епидемијата е во силен ек и секоја епидемија има свој тек, има почеток, акцелерација, пик, односно врв на кривата и понатаму намалување, спласнување на случаите. Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци кои што ги знаеме, движењата на луѓето, бројот на заболени во периодот кој што доаѓа да се зголемува. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија. Презедовме мерки, ги дополнивме, ќе преземаме и понатаму се што треба, се со цел да застанеме на патот на ширењето на инфекцијата. Затоа, останете дома, не се собирајте, не се групирајте, излегувајте само ако имате некоја итност, ограничете го движењето, не контактирајте многу со луѓето, не се задржувајте во маркетите, држете дистанца таму каде што има повеќе луѓе, задолжително одржувајте лична хигиена, често миење на рацете 20-30 секунди. Од сите нас зависи, од сите поединци, компании, институции, максимално сериозно мора да пристапиме на ова прашање. Ова не е шега. Единствениот начин е сите ние да се однесуваме одговорно.“, изјави министерот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград