Поврзи се со нас

Вести

Водата од градскиот водовод во Гостивар треба почесто да се анализира

Објавено

на

Каква е водата што ја пијат жителите на Гостивар од градската водоводна мрежа? На прашањето поставено по повод Светскиот ден на водите, 22-ри март, добивме одговор дека водата е генерално исправна, но за да се гарантира нејзината безбедност, испитувањата треба да се вршат многу почесто отколку сега.

Службите на Центарот за јавно здравје земаат мостри за анализа трипати месечно, што остава простор за сомнеж, дека во меѓувреме може да се случи водата да се загади или замати, а тоа да не биде навреме откриено. Според д-р Берун Мустафа, специјалист во Центарот во Гостивар, водата за пиење треба да подлежи на анализи најмалку шест до девет пати во месецот, за да се имаат попрецизни параметри.

„Оваа година ќе треба да го покачиме бројот на анализи, затоа што вака, не можеме да ја гарантираме безбедноста на водата за пиење за град со толку голем број на жители, како што е Гостивар. Испитувања би требало да се прават два до три пати повеќе“, вели д-р Мустафа.

Во лабараториите во Гостивар се вршат анализи на мостри вода од трите општини во регионот Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше.

Водоводните системи низ селата не се дезинфицираат редовно, што доведува до бактериолошка загаденост на водата. Во градскиот водовод, во одредени периоди пак се појавува матност, која според лекарите не е на алармантно ниво.

Анализите на гостиварските служби на Центарот за јавно здравје покажале дека  бактериолошка загаденост на водата се јавува во селата Врапчиште, Зубовце, Галате, дел од селото Србиново и дел од мавровскиот регион. На надлежните претпријатија им било наложено да преземат мерки за хлорирање и дезинфекција.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена