Вести
Водата во Тетово да се преврива пред употреба – пронајдени биле бактерии
Лабораториските анализи на примерок на вода од градскиот водовод во Тетово покажале присуство на зголемен број на Колиформни бактерии и Ешерихија коли. „Примерокот е земен на 22 август 2017 во моменти кога хлоринатот беше во дефект и немаше резидуален хлор во водоводната мрежа“, стои во известувањето на Центарот за јавно здравје Тетово. Дефектот бил отстранет истиот ден, по што водата била хиперхлорирана. Резултатите од новите мостри земени по хиперхлорирањето ќе бидат готови во понеделник. До тогаш, стручните служби препорачуваат граѓаните да ја превриваат водата за пиење.
Граѓаните на Тетово велат дека не добиле навремена информација од надлежните за проблемот со водата дента кога настанал и ја користеле водата како и обично. Некои од нив се пожалија дека се соочиле со стомачни тегоби.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот