Поврзи се со нас

Македонија

Воената академија ги промовираше новите потпоручници и новите питомци

Објавено

на

Продолжете со вашиот ентузијазам, со вашата енергија и посветеност во извршување на задачите кои Ве очекуваат, затоа што од денеска и вие сте лицето на Армијата, им порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на 22-та класа потпоручници кои денеска беа промовирани во Воената академија „Михајло Апостолски“.

– Од денеска секој од вас и се приклучува на Армијата. Внесувате нова енергија, прогресивни размислувања, но никогаш не заборавајте на влогот на поранешните и сегашни искусни припадници на Армијата. Кон нив гледајте со голема почит, затоа што тие се заслужни за ова што имаме денес. Почитувајте го минатото, славете ја историјата, но создавајте ваши дела по кои ќе бидете препознаени и запаметени, рече Петровска.

Обраќајќи им се на новите офицери, Петровска им порача влегувањето во Армијата да не го гледаат само како работен ангажман, туку и како света должност и обврска да се гради и брани татковината.

–  Современите безбедносни предизвици бараат и современи доктрини и технологии. Затоа, превземам обврска како министерка да обезбедам услови за ваша континуирана едукација и стручно усовршување. Секогаш ќе бидам на страната на она што е најдобро за вас, вие сте иднината на Македонија, нагласи Петровска.

За најдобри офицери во генерација беа прогласени Кристијан Илиевски, Николина Пејовиќ и Сара Илиевска.

На денешната свеченост беше промовирана и 26-та класа на питомци на Воената академија која брои 39 припадници.

Деканот на Воената академија, полковник Митко Богданоски на новите питомци им порача да продолжат по патот којшто го избрале и да израснат во посветени и пожртвувани лидери кои ќе знаат да се справат и со најтешките ситуации.

–  Исправени сте пред еден од најголемите предизвици на својот живот преку кој од млади, безгрижни луѓе ќе се трансформирате во одговорни, посветени и себепожртвувани лидери кои ќе можат да се справат и во најтешките ситуации. Да станете лидери кои мотивираат, напорно работат и претставуваат пример за своите следбеници. Знам дека има измешани чувства помеѓу вас. Има такви кои знаат дека се на правото место, а има и такви кои можеби се уште размислуваат дали донеле правилна одлука и дали ќе можат да одговорат на предизвиците. За оние вторите, немојте да се откажувате. Ве уверувам дека вредите повеќе од тоа да се откажете заради некоја препрека на која ќе наидете, рече Богданоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Следете нè и на Facebook

Гостиварпред 11 минути

Студ и ветер во новата работна недела

Занимливостипред 11 часа

Трите основни особини на психопатите

Македонијапред 13 часа

Од јануари граѓаните можат да отворат денарска сметка за основни функции

Гостиварпред 15 часа

Со шише го удриле во глава, 18 годишник од Гостивар пријавил напад во локал

Вестипред 21 час

Ги запознаваме ретките болести: Поточки-Лупски синдром/Potocki-Lupski syndrome

Македонијапред 22 часа

Пазарна во јануари не утврдила прекршувања кај трговците во однос на маржата

Деца Родителипред 23 часа

Родителите понекогаш несвесно создаваат анксиозност кај децата

Гостиварпред 1 ден

Гостиварка нападнала прилепчанка рано наутро во Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Гостивар-Поднесени две кривични врзани со семејно насилство

Гостиварпред 2 дена

Панихида за македонскиот визионер Гоце Делчев во Бигорски

Македонијапред 2 дена

На ГП Деве Баир приведени бугарски државјани, се обиделе да нападнат полицаец

Спортпред 2 дена

КК Гостивар денеска на гости кај ТФТ Скопје

Македонијапред 2 дена

Слаби снежни врнежи во Маврово, Попова Шапка, Крива Паланка

Занимливостипред 2 недели

Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни

Македонијапред 1 недела

Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава

Гостиварпред 1 недела

Затруени кучиња ноќеска во Гостивар

Гостиварпред 7 дена

Од петок се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско езеро и Радика

Гостиварпред 2 недели

Загрижувачки состојби! Во Гостивар 130 разводи минатата година

Гостиварпред 2 недели

Маж во ПС Гостивар ја пријавил сопругата за исчезната

Гостиварпред 7 дена

На проституција во Гостивар се оддаваат и малолетнички и мажи

Гостиварпред 4 дена

Нов директор на „Паркинзи и зеленило“ во Гостивар

Што, како, каде?!пред 4 дена

Маркет Garage Акција во сите Ramstore маркети

Гостиварпред 1 недела

Расте бројот на наркозависници во Гостивар, марихуаната и хероинот најкористени наркотици

Гостиварпред 6 дена

Гостиварката Душица Димитриеска, член на Советот на ЈО даде свечена изјава

Здравје и убавинапред 2 недели

Смеса со 3 состојки против кашлица и болно грло

Македонијапред 7 дена

Горивата со повисоки цени од полноќ

Гостиварпред 3 недели

Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2023

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2023 во Гостивар-Ангелчињата ги стоплија срцата на христијаните

Гостиварпред 1 месец

ФОТО ВЕСТ: Гостивар последната вечер во оваа година

Гостиварпред 3 месеци

Гостивар граду мој, во срце те носам – Свеченост во чест на 18 Ноември

Спортпред 3 месеци

Каланоски со два погодоци го одлучи победникот во локалното дерби ФК Гостивар – ФК Арсими Чегране (2-0)

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „спакува“ и Работнички 87-76

Македонијапред 4 месеци

Св. Кирил Лешочки – Прв светец од Тетовско-гостиварската епархија (Фото)

Спортпред 4 месеци

(Фотогалерија) Празник на кошарката во Скопје – МЗТ го пречека Партизан 74-92

Гостиварпред 5 месеци

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Културапред 5 месеци

Со концерт на етно групата Синтезис во Гостивар почна чествувањето на Денот на независноста

Гостиварпред 6 месеци

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Гостиварпред 6 месеци

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 6 месеци

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Advertisement

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена