Гостивар
Возење под дејство на алкохол НИКАКО! Во Гостивар казнети возачи кои пиеле и се фатиле за волан
Седнувањето зад волан под дејство на алкохол, носи голем ризик како за сопствената, така и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот. И покрај тоа, дел од возачите се однесуваат недоговорно и управуваат возила, иако претходно конзумирале алкохол. Анкетно истражување спроведено од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажало дека 85% од возачите барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол.
Во последната акциска контрола спроведена на гостиварското и тетовското подрачје, биле откриени 12 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Тетово-9 и Гостивар-3). Тие се исклучени од сообраќај, привремено им биле задржани возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози, информира полицијата.
Истражувањата ја потврдуваат суровата и загрижувачка реалност, кога е во прашање возењето во пијана состојба. Најголем број од сообраќајќите, во кои учествуваат пијани возачи, завршуваат со сериозни и фатални последици.
„Алкохолот ги намалува возачките вештини: ги нарушува моторните способности, ја намалува визуелната острина, ја искривува сликата за околината, го нарушува слухот, ве прави агресивни учесници во сообраќајот. Алкохолот делува како депресант на централниот нервен систем. Тоа може значително да ја наруши навремената реакција и рационалното пресудување во одредена ситуација.“, предупредуваат од РСБСП.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница