Македонија
Врнежите добредојдени за земјоделството

Врнежите што ја зафатија земјава се добредојдени за земјоделството. Им годат на културите за пролетното будење, ја надополнуват влагата во почвата и овозможуваат подготовка на површините за садење, велат агрометеоролозите од УХМР.
Според нив, и во следните денови под влијание на циклонска активност од запад времето се очекува да се задржи променливо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Температурите ќе бидат без поголеми промени. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 на повисоките места до 9 степени на максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 17 степени.
-Изминатата недела имавме променливо време со врнежи од дожд. Ваквите временски услови и врнежите од дожд се уште им годат на културите кои го одржуваат на исто ниво пролетното будење, што е добро во овој период од годината. Исто така, врнежите од дожд ја надополнуват влагата во почвата која е добредојдена во овој период за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој во кој, според биологијата на растенијата, побарувањата од вода се големи. Потребна е и влага за пролетната подготовка на почвата за садење одредени култури, навеудваат агрометеоролозите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава