Вести
Вучиќ: Најверојатно од 1 јануари единствени работни дозволи за земјите од Отворен Балкан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово изјави дека договорот за единствените работни дозволи меѓу земјите во рамките на иницијативата Отворен Балкан најверојатно ќе почне да се применува од 1 јануари идната година и дека останува да се завршат само некои технички прашања, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој за РТС од Тирана изјави дека затоа денеска ќе се донесат одлуки за поврзување на електронски и други системи.
Запрашан што е направено и колку се променило од претходната средба на Отворен Балкан во Белград во ноември, Вучиќ кажа дека многу се променило и оти сите тимови донеле одлуки брзо и ефикасно.
-Синоќа разговаравме и со господинот (Димитар) Ковачевски, кој треба да биде нов премиер на Северна Македонија и тој е посветен целосно за отворен Балкан и ќе продолжиме тоа да го работиме. Ова го правиме со многу верба и енергија, бидејќи знаеме дека така ќе им олесниме на нашите граѓани, кажа Вучиќ.
Тој изјави дека синоќа разговарале со некои албански бизнисмени кои сакаат да инвестираат пари во Србија и да отворат рибни ресторани во Србија.
-Луѓето се многу среќни што можат да учествуваат во тоа, кажа Вучиќ, додавајќи дека голем број српски бизнисмени се заинтересирани за албанскиот пазар и инвестиции.
-Горд сум што можам да им помогнам, а би сакал и сите други да ни се придружат. За нас би било страшно важно тоа да биде БиХ, се разбира и Црна Гора и приштинскиот дел. Посебно за БиХ, бидејќи денеска ќе зборуваме за тоа како преку електронско поврзување да се добијат попусти за граѓаните на Отворен Балкан. Ако имате попуст за граѓаните на Скопје, како е можно да немате попуст за граѓаните на БиХ, праша Вучиќ.
На прашањето да Отворен Балкан е отворен за Сараево, Подгорица и Приштина, која е поентата ако нема одговор од нив, Вучиќ кажа дека тоа е нивен избор.
-Наше е секогаш да повикаме, но ние не застануваме и не сме незадоволни од самите себе. Толку многу веруваме во тоа што го правиме и знаеме дека тоа ќе им донесе толку многу добро на граѓаните на Северна Македонија и Албанија и Србија, тоа го правиме со толку многу енергија и убедување, што моето прашање е како некој во БиХ или Црна Гора ќе објасни зошто нивните граѓани плаќаат повеќе од граѓаните од Велес, Валона или Србија. Тие мислеа дека тоа е некаква политичка игра, а сега кога ќе имаме бенефиции и корист ќе биде поинаку, кажа Вучиќ и додаде дека мора да се разговара и за увоз на енергетски капацитети, бидејќи сме премали.
За палењето на српското знаме синоќа во Тирана, Вучиќ оцени дека „албанската држава реагирала навремено и одговорно.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила