Поврзи се со нас

Македонија

„Walk and Talk“ за младите да ги споделуваат проблемите и да го зачуваат менталното здравје

Објавено

на

Настаните „Walk and Talk“ организирани под иницијатива на Министерството за труд и социјална политика со поддршката на УНИЦЕФ, а во соработка со Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи имаат за цел подигнување на свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани денеска заедно со претставници од извидниците и млади лица пешачеа по претходно смислена пешачка рута во Струмица.

Тренчевска за медиумите рече дека темата ментално здравје треба да биде доста актуелна кај младите. Затоа министерството се вклучува во настани кои ќе ја поттикнат свеста за менталното здравје.

„Системот за социјална заштита е оној кој треба да се грижи за благосостојбата, но и оној кој охрабрува, поттикнува и мотивира. Затоа сме тука денес. Зошто младите го менуваат нашето општество, дестигматизираат и исчекоруваат. Нашата крајна цел е креирање на позитивна благосостојба низ која можеме да го достигнеме нашиот целосен потенцијал“, изјави Тренчевска.

„Многу деца и млади страдаат сами и не бараат помош поради стигма или отсуство на иницијативи за унапредување и заштита на менталното здравје и грижа за оние на кои им е најпотребна”, рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Никој не треба да биде оставен сам да се справува со предизвиците околу менталното здравје. Треба да се погрижиме децата и младите да добијат поддршка кога тоа им е потребно.“

Иницијативата ќе има 16 настани во различни градови кои имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје воопшто преку пристап заснован на игра.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена