Македонија
За 23 години во земјава изгореле 2 495 835 метри кубни шума

Фреквенцијата и интензитетот на пожарите на ниво на предел постепено се зголемуваат, а времето и местото на појава се повеќе варира. Ова бара системско делување, поефиканси одговори, подобра превенција и подготвеност, беше речено денеска, на четвртата работилница од Програмата за управување со пожари на ниво на предел.
Согласано првиот Национален извештај кој ја одразува моментната состојба со пожарите на ниво на предел, од 2000 до 2021 година во земјава имало вкупно 4 811 пожари. Од нив изгореле над 201 121 хектар површина. Притоа, бројот на пожари и опожарени површини значително варирал. Флуктуирала и вкупната опожарена површина во различни региони низ годините. Вкупниот опожарен шумски фонд, пак, во текот на 23 години е 2 495 835 метри кубни.
Како дел од слабостите во управувањето со овие пожари се посочуваат тешко достапните природни области, непостоењето ефикасна меѓуинституционална комуникација и координација, недоволната имплементација на законските одредби, непочитувањето на законите, недоволните ресурси за спроведување на мерките за противпожарна заштита, бавното решавање на кривичните или прекршочните постапки, недоволните човечки ресурси за управување со пејзажни пожари, недоволната техничка опрема, миграцијата на населението (внатрешно село во град), пироманијата и намерното палење земјиште заради економска корист и недоволниот број доброволни противпожарни единици.
Извештајот укажува и на немањето закон за оџачари во земјава, на невклученост на сопствениците на приватните шуми во управувањето со пејзажните пожари, на отсуство на национален план за управување со пејзажни пожари, на совпаѓање на законските надлежности на институциите, како и на отсуство на унифицирана методологија за собирање податоци за пејзажни пожари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?