Поврзи се со нас

Гостивар

За празничниот период дополнителни патролни служби во Гостивар и Тетово

Објавено

на

Со доаѓањето на времено вработените од странство на поширокото полошко подрачје забележително се зголеми сообраќајната фрекфенција, како во градските средини, така и на автопатот и околните регионални и локални патишта.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до сите учесници во сообраќајот, пред се до возачите на моторни возила да бидат крајно внимателни и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Покрај ова, се апелира, исто така, возачите од ова подрачје максимално да ги почитуваат правилата и прописите кои се однесуваат на паркирањето и да не ги паркираат возилата во таканаречени двојни редови, зашто на тој начин создават метеж кој го отежнува нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот.

Секторот за внатрешни работи Тетово предупредува дека секое непочитување на знаците, правилата и прописите  законски ќе се санкционира со изготвување на соодветни поднесоци или со исклучување од сообраќај, зависно од видот и карактерот на направениот прекршок. На оние кои деновиве планираат да патуваат кон Попова Шапка или Маврово им се советува задолжително да поседуваат адекватна зимска опрема, зашто се најавуваат снежни денови и пониски температури.

Од СВР Тетово наведуваат дека веќе се засилени контролните и други мерки и активности, планирани во овој период од годината, кои во пресрет на празниците дополнително ќе се интензивираат со ангажирање на поголем број патролни служби низ Тетово и Гостивар, и целиот регион.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена