Поврзи се со нас

Гостивар

Заев распали оган со „историскиот“ кров на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар

Објавено

на

На трибината, којашто СДСМ ја организираше во Гостивар изминатиот викенд,  претседателот на партијата Зоран Заев зборувајќи за проекти коишто државната власт ги реализирала на подрачјето, го спомена кровот на ОУ „Гоце Делчев“ упатувајќи благодарност до Фатон Асани, за како што рече, дадениот придонес за реконструкцијата на покривот.

„Работевме и во Гостивар. Не е само гасоводот што го носиме во Гостивар, и театарот што го отворивме во Гостивар, тука се и новите центри за ран детски развој во Равен и во Форино, истовремено целосно го реконструираме патот од Гостивар кон Кичево со пет моста, коишто се реконструираат. Да му се заблагодарам на Фатон Асани, кој даде прилог да се реконструира после децении, кровот на основното училиште „Гоце Делчев“ со проект на УНДП, со помош на Швајцарската амбасада, преку Швајцарската агенција за развој.“, рече Заев.

Општината преку соопштение реагираше на ваквата изјава. „Реконструкцијата на покривот на ООУ „Гоце Делчев“ е резултат на заложбите на Општина Гостивар и подготвеноста на меѓународната заедница да помогне таму кадешто владата не успева да ги исполни своите обврски, а сето тоа во интерес на граѓаните. Како што се изрази самиот градоначалник Арбен Таравари: „Oпштопознато е дека покривот на ООУ „Гоце Делчев“ го финансира УНДП (преку проект на Швајцарската амбасада) и Општина Гостивар, без никаква помош од Владата на РСМ“. Дури и да беше точно тоа што го изјави Заев на трибината во Гостивар, сепак е срамно за премиерот да му се заблагодари на некој поединец, кој наводно успеал да обезбеди донација од меѓународни организации за една од основните задачи и надлежности  на Владата, за обезбедување на нормални услови за живот на учениците за време на нивниот престој во јавните училишта“, се вели во општинската реакција.

Инаку, Фатон Асани е директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 36 минути

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 1 час

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 3 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 5 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 6 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 19 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 20 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена