Гостивар
Излезе од печат третата стихозбирка од Љупка Антеска
Деновиве од печат излезе поетската збирка „Отвори ги очите“ од гостиварката Љупка Антеска. Творбите во книгата се поделени во три циклуси: „Поезијо, остави ме“, „Љубов потпрена на патерици“ и „(Мо)ментални (за)белешки“.
Во поговорот на збирката, академик Катица Ќулавкова, меѓу другото пишува: „Повеќето песни од книгава Отвори ги очите зрачат со извесна самосвесност на поетесата, самосвест за себе како творец и за песната како творба која има свои правила, свој начин да биде, свој начин да заведе и да се запомни. Поетесата знае како, од време на време, во точно одреден миг, да проблесне со некоја идеја, со некоја подробност која објаснува некоја суштина, па тие проблесоци на дребноста при набљудувањето и опишувањето на нештата во животот и живеачката, делуваат симпатично, пријателски, атрактивно, ведро, човечно. Е, токму тој сплет од впечатоци го создаваат и впечатокот за духовитост, односно за досетливост која не е површна, која има своја смисла, свое Зошто во песната и во приемот на песната. Профилот на поетесата Љупка Антеска е читлив, исповеден, актуелен, автореференцијален и духовит.“
Во подготовка на книгата учествуваа: Ивица Адамоски (техничко уредување), Небојша Петревски (корица) и Габриела Петроска (лектура). Печатењето на збирката го поддржаа: Зорел Транс, Сити такси, Месна индустрија Карнем и Монтенегро.
Книгата ќе биде промовирана во декември.
Антеска живее и работи во Гостивар, како новинар во Тв Кис и уредник на Gostivarpress.mk. Автор е на стихозбирките: „Денодение“ (2012) и „Лек за времето“(2015).
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди