Поврзи се со нас

Македонија

Загрижувачки податоци за иселувањето од Македонија

Објавено

на

Сите седум проекции за населението во Македонија до 2070 година на Државниот завод за статистика (ДЗС) упатуваат на намалување на вкупното население во земјава. Набљудувано по проекциски варијанти населението на земјата, од појдовните 1.832.000 во 2022 година, до крајот на проекцискиот период би се движело во интервал од 501.200 (константна варијанта), до 1.485.700 (варијанта без миграции).

Доколу ништо не се промени и останат параметрите од 2022 година вкупното население до 2070 ќе се намали на 1.3 милиони жители.

Проекциите се под претпоставка дека во земјата и регионот нема да има војни, ќе има нормална и стабилна внатрешнополитичка состојба, во првата половина на 2030-тите ќе се заврши процесот на асоцијација во ЕУ, ќе има економски развој и нема да има големи здравствени состојби.

Директорот на ДЗС Апостол Симовски, посочи дека проекциите на населението претставува моделирање на демографската иднина, базирано на претпоставки за движењето на морталитетот, фертилитет и миграции во дефинираните период, без утврдување на веројатноста на нивното остварување.

„Проекциите се алатка на креаторите на политики што ќе им помогне во носење на соодветни мерки“, нагласи Симовски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, на промоцијата рече дека позагрижувачки од негативни демографски трендови, е да немате свесност за проблемот.

„ДЗС врз основа на резултатите од Пописот 2021 изготви проекција според која населението до 2030 би се намалило на 1,3 милиони. Од трите клучни елементи, стапката на фертилит, морталитет и миграција, најзагрижичувачки е третиот. Барем засега, кај нас најзагрижувачки е стапката на иселување, а не стапката на фертилитет“, изјави Пендаровски.

Според многумина, најголема причина за иселувањето е корупцијата, рече Пендаровски, посочувајќи дека се повеќе луѓе се иселуваат не поради ниската плата, туку поради квалитетот на животот.

Целта на проекциите не е да не турне во апатија, туку да не освести, нагласи Пендаровски.

Според публикацијата, набљудувано по проекциски варијанти населението на земјата, од појдовните 1.832.000 во 2022 година, до крајот на проекцискиот период би се движело во интервал од 501.200 (константна варијанта), до 1.485.700 (варијанта без миграции).

„Тоа значи дека задржувањето на вредностите на компонентите на движењето на населението на ниво на 2022 година (стапка на вкупен фертилитет од 23% под потребниот за замена на генерацијата, за европските стандарди релативно кратко очекувано траење на животот од 76 години и многу висока нето-емиграција од преку 14 илјади лица годишно), би довело, до крајот на проекцискиот период, до енормно намалување на населението од 1,3 милиони лица“, покажува публикацијата на ДЗС.

Истовремено, остварувањето на варијантите кај кои е претпоставено изостанување на надворешни миграции, со умерено зголемување на нивото на фертилитет, како и континуирано и релативно интензивно намалување на смртноста, би резултирало со намалување на населението за „само“ 346 илјади лица или за една петтина (19 проценти) во однос на почетокот на проекцискиот период.

Кај останатите пет варијанти, разликите во интензитетот на намалувањето на бројот на населението би биле помалку изразени, но, сепак, прилично интензивни. Според варијантата на средниот фертилитет, вкупното намалување би изнесувало 35 проценти (од 1,8 на 1,2 милиони жители).

Истовремено, остварувањето на варијантата на висок фертилитет би резултирало со намалување на населението за 23 проценти (од 1,8 на 1,4 милиони). Треба да се истакне дека единствено според таа варијанта, намалувањето на населението не би било континуирано. Имено, под претпоставка на остварување на релативно брзо зголемување на фертилитетот, кој почнувајќи од 2034 година би се стабилизирал на 2,03 деца по жена, би можело да дојде до стопирање на процесот на намалување на населението, но дури после три децении, односно почнувајќи од 2064 година. Тоа укажува на комплексноста на демографската состојба во земјата, која најдобро се согледува преку ефектите од негативното миграциско салдо и многу интензивниот и напреднат процес на стареење на населението.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 5 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 7 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 9 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 10 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 10 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 11 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 1 ден

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 1 ден

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена