Македонија
Запленети 60 килограми марихуана вредна над 250.000 евра

Мобилните тимови на Царинската управа вчера на граничниот премин Деве Баир запленија 60 килограми марихуана наменета за европскиот пазар.
„Со ова е спречен меѓународен канал на нелегална трговија со дрога. Проценетата вреднос на запленетата дрога на нелегалниот пазар е од 240 до 300 илјади евра.“, соопшти управата.
Вчера во попладневните часови на излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Секторот за контрола и истраги, при вршење на царинска контрола на автомобил со романски регистарски ознаки управувано од романски државјани, во специјално направени бункери во возилото открија 64 пакети марихуана со вкупна тежина од 60 килограми.
Дрогата и возилото се одземени, а лицата се приведени и предадени на Одделението за истраги на понатамошна постапка.
До надлежното Основно јавно обвинителство против двете лица е поднесена кривична пријава и за истите е одредена мерка притвор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава