Гостивар
Зградата со социјални станови во Гостивар е готова, се чека на огласот
Седумдесет станови за социјално ранливи категории на граѓани во Гостивар, чекаат на распределување. Зградата покрај Кејот на Вардар, близу големиот мост е целосно готова, а извршен е и технички прием. Останува надлежните Министерства да го подготват огласот според новата методологија, согласно новиот закон за социјална заштита, којшто беше донесен летово.
„Веќе е извршен технички прием на зградата. Ќе се формира комисија од Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика, за да се изработи огласот согласно новата методологија, и на крај да бидат распределени становите. Се надеваме дека тоа ќе се случи во најбрз временски рок. Ние ќе вложиме напор и ќе направиме се`, тоа да биде до крајот на оваа година.“, изјави при денешната посета на гостиварскиот регион, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Изградбата на социјалните станови во Гостивар започна пред околу четири години. Проектот е вреден околу 85 милиони денари.
Во зградата со две ламели, има вкупно 70 станови наменети за семејства од ранливи категории.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди