Поврзи се со нас

Гостивар

Жителите на гостиварско Падалиште бараат итна санација на штетите од изградба на мини-хидроцентрала

Објавено

на

Револтирани од штетите што ги претрпеле од изградбата на мини-хидроцентралата во селото, жителите на гостиварско Падалиште денес излегоа со барање за преземање на итни мерки за санација. Реагираат дека со градежните работи бил уништен патот што води до селото, не е поставен потпорен ѕид, а штети имало и врз околните ниви.

„Три години чекаме да се преземат мерки, никој ништо не прави. Патот е катастрофа, не е изграден ѕид за заштита, може страшни работи да се случат, некој да падне и да се утепа. Бараме фирмата да направи санација на тоа што е уништено и да си ги исполни обврските. Ние само го бараме, тоа што ни следува со законот, ништо повеќе. Даваме рок од 15 дена да се преземе нешто, инаку ние ќе мораме да ја прекинеме изградбата на хидроцентралата. Подобро да почнат да средуваат, затоа што вака и за нас и за нив, ќе биде штета.“, рече Азиз Азизи, жител на Падалиште.

Граѓаните се пожалија дека ниту институциите, ниту инвеститорот фирмата Фероинвест, за изградба на објектот воопшто не побарале мислење и согласност од нив, како локално население.

Жителите за помош и поддршка денес се обратија кај градоначалникот Арбен Таравари.

„Дозволата за хидроцентралата е добиена пред нашиот мандат. Ние не би дозволиле нешто такво да се гради, без согласност од месното население. Не сме против инвеститори, но мора да се почитуваат жителите. Сега има оштетени патишта и одредена друга инфраструктура, и тие бараат да им се компензира. Јас стојам до нив и го поддржувам, но за ова како општина не можеме ништо да направиме. Ги упатив дека треба да се обратат до Министерството за економија, кое ги дава концесиите“, изјави градоначалникот.

Граѓаните велат дека фирмата-инвеститор на хидроцентралата во 2015-та, на сметка на општината уплатила над 170 илјади евра. Тие објаснуваат дека законски 25% од сумата за санирање на штети, требало да добие селото, но до денес не било исплатено ништо.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена