Вести
Златко Димовски и Тања Лепческа, младенци на Галичка свадба 2018
Златко Димовски, Тања Лепческа, младенци, Галичка свадба 2018
Месната заедница Галичник ги избра зетот и невестата на годинешната Галичка свадба 2018. Младенци на најголемата традиционална културно-туристичка атракција во земјава, оваа година ќе бидат Златко Димовски и Тања Лепческа од Скопје.
Одлуката била донесена едногласно, вчера на седница на Советот на Месната заедница Галичник. Во неа е наведено дека Тања Лепческа е по потекло галичанка и од мала е активна во секоја Галичка свадба. Како и учесник и поддржувач на други културни настани во Галичник. „Во духот на вековната традиција им ја исполнуваме желбата својата љубов да ја крунисаат во Црквата Свети Петар и Павле со галичка свадба на ден 15 јули“, стои во соопштението на МЗ Галичник.
Галичка свадба е најзначајниот настан од Галичкото културно лето и се организира по повод празникот Петровден. Карактеристична е по автентичните свадбарски адети на Галичник и оригинална носијата на невестата, составена од педесетина делови, изработена со филигранска прецизност и тешка 25 килограми.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград