Гостивар
Знамињата пред Општина Гостивар спуштени на половина копје

Во земјава со одлука на Владата прогласена е триднeвна жалост поради загубата на 14 човечки животи во страшниот пожар во тетовската модуларна болница. Знамињата на јарболите пред зградата на Општина Гостивар се спуштени на половина копје, во знак на жалост.
„Гостиварци денес ја споделуваат големата болка со семејствата погодени од трагедијата во Тетово…оние кои официјално се уште се бројки, беа ќерки и синови, мајки и татковци, баби и дедовци кои никогаш нема да се вратат кај своите семејства. Знамињата се спуштат до половина копје затоа што тие не беа само бројки, тие беа луѓе кои ги проголта оган заедно со сите нивни соништа, во болница во нашето Тетово која имаше лоша судбина. Господ нека е со нив!“, напиша во фејсбук статус градоначалникот Арбен Таравари.
Денови на жалост во целата земја се 9, 10 и 11 септември.
Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја