Поврзи се со нас

Парламентарни избори 2020

ЗНМ со апел до учесниците во изборите: Новинарите да имаат безбедни услови за работа

Објавено

на

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до сите политички актери кои учествуваат на предвремените парламентарни избори, како и до Државната изборна комисија, но и граѓанските организации кои имаат улога на набљудувачи да ги организираат јавните настани и активности со доследно почитување на сите здравствени протоколи.

Во апелот се вели: „Новинарите и медиумските работници имаат исклучително важна улога за информирање на граѓаните за предизборните активности и програми на политичките партии. Преку професионалното информирање новинарите и медиумите помагаат на гласачите да се определат за кого ќе го дадат својот глас, а ова особено ќе биде изразено на овие избори земајќи ја во предвид здравствената криза и фактот дека партиските кампањи и активности ќе се организираат пред се во медиумите и на социјалните мрежи. Затоа, бараме од сите учесници во изборниот процес, кои ќе организираат прес-конференции, изјави за медиумите и други настани за информирање на новинарите, да ги почитуваат здравствените протоколи при спроведување на овие активности. Тоа подразбира дека ќе треба организаторот да ги организира настаните за новинарите пред се на отворен простор доколку тоа го овозможуваат временските услови или да обезбеди  просторија во која ќе се гарантира соодветната дистанца помеѓу сите учесници. Истовремено, со цел дополнително да се заштитат новинарите и медиумските работници, организаторите на овие настани потребно е да обезбедат и заштита опрема (маски, ракавици и средства за дезинфекција) за сите присутни. Ова е особено важно во услови кога здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 во нашата земја е влошена и се бележи зголемен број на ново заразени и починати граѓани во последните недели.“.

ЗНМ апелира и до сопствениците и менаџерите на медиумите да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници во работните простории и на терен. ЗНМ неодамна објави публикација со насоки за безбедно и професионално известување во услови на пандемија и истата може да се преземе на следниот линк.

„За крај, ги потсетуваме и нашите колеги дека имаат обврска професионално да известуваат за целиот изборен процес при тоа почитувајќи го Етичкиот кодекс на новинарите. Повеќе информации околу етичките и законските правила за известување за изборите се достапни на новиот Прирачник за етичко известување од избори.“, наведува ЗНМ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 1 ден

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена