Поврзи се со нас

Вести

Продолжуваат проблемите – Излеан Вардар, опасност од поплави во Форино

Објавено

на

Ноќеска час и половина по полноќ пријавено е излевање на реката Вардар кај мостот во гостиварското село Форино. Центарот за управување со кризи алармира дека постои опасност да бидат поплавени повеќе куќи. „Известени се општина Гостивар, Дирекцијата за заштита и спасување – Гостивар и ТППЕ – Тетово. Стапено е во контакт со хидроцентралата Вруток за да се побара намалување на производството на електрична енергија затоа што водите од акумулацијата влијаат на покачување на нивото на водата. Хидроцентралата Вруток го запре целосно производството на електрична енергија и се очекува нивото на водата да се намали.“, наведуваат од Центарот.

Излевање има и на каналот кој поминува низ селото Тумчевиште, каде била испратена екипа за санирање.
Според информациите од СВР Тетово, синоќа била пуштена една коловозна лента од патот Гостивар-Србиново, кој беше блокиран целосно поради одрон кај с.Лакавица. Мештаните се самоорганизирале и расчистиле дел од одронот, а се очекува во текот на денот екипи на Македонија пат целосно да го оспособат патниот правец за сообраќај.

Отежнато се одвива и сообраќајот на патот Тумчевиште-Чегране.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена