Поврзи се со нас

Гостивар

12 часа кон Русино не помина камион со ѓубре – Блокада прв ден, од пладне до полноќ

Објавено

на

Изминаа 12 часа откако гостиварци ја спуштија рампата на патот што води кон Русино. 12 часа нема ново ѓубре на таканаречената депонија. Во текот на денов, пристигнаа два камиони и еден трактор со отпад, но не беа пропуштени, туку вратени назад.

Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ нагласуваат дека нема да отстапат од своите барања: да запре горењето, да се постават камери и обезбедување и општината да испрати барање до Владата за помош и затворање на Русино. Обидот за преговори на ЈП Комуналец, да се дозволи приод за отпадот од Гостивар, вечерва помина безуспешно. Граѓаните останаа цврсти во ставот – нема носење ѓубре на Русино додека не се исполнат основните  услови што се поставени.

Моментално на местото на блокадата има шеесетина граѓани. Голема поддршка даваат жителите на гостиварска Бањица, кои во оваа прилика се потсетуваат дека претходно и самите водеа иста битка против депонирањето отпад на Русино.

Помош и поддршка на граѓанските активисти, во текот на првиот ден од блокадата дадоа фирми и поединци со храна, пијалоци и слично.

На блокадата се внимава да се почитуваат мерките за заштита против корона.

Присутни се полициски службеници, кои го обезбедуваат јавниот ред и мир.

Како придонес плус за чиста животна средина, граѓаните кои учестуваат во блокирањето, направија и еколошка акција и го исчистија околниот простор.

Падна ноќ. Блокадата продолжува. Гостиварци кои остануваат да ја вардат рампата за Русино вечерта горе ќе ја поминат во шатори или во своите авотмобили.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 16 минути

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 2 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 2 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 15 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 17 часа

Денарот слави 32 роденден

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

До 30 април пријавување на болни и немоќни за гласањето на 8 мај

Македонијапред 22 часа

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 23 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена